Легендарниот камерунски фудбалер, а сега претседател на федерацијата на Камерун Самуел Ето, се извини за инцидентот со навивачот после натпреварот Бразил – Јужна Кореја на СП во Катар.
На снимката која излезе на социјалните медиуми се прикажа Ето како напаѓа момче со камера.
„Имав инцидент со човек кој веројатно беше навивач на Алжир. Би сакал да се извинам поради тоа што ги загубив нервите и реагирав на начин кој не одговара со мојата личност. Бев навредувам за измама без никакви докази. Од истата причина на овој турнир беа навредувани и камерунските навивачи. Ветувам дека ќе продолжам да се спротивставувам на провокациите на алжирските навивачи. Ги повикувам властите на Алжир да направат се што е во нивна моќ да се стави крај на конфликтот и да се спречат сериозни проблеми.
На навивачите на алжирската селекција им посакувам да најдеме мир и да го надминеме разочарувањето кое е зад нас“, напиша на Твитер камерунската легенда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА