Еуфорично е во салата во Алжир, каде откако замолкнаа над 8.000 домашни фанови македонските ракометари уживаат во огромниот успех и пласманот во четвртфиналето.
Репрезентативците го кренаа на раце селекторот Илија Темелковски, кој уште еднаш постигнува врвен резултат на чело на националниот тим.
И Темелковски и ракометарите имаат за што да слават и вечерва да уживаат, а веќе од утре да се насочат кон Франција, во обид да го изненадат бранителот на трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА