Младите македонски ракометари запишаа историски успех со пласман за првпат, низ еден квалификациски циклус, на Светско првенство. Во време кога Македонија температурно живее 20 степени Целзиусови под нулата, за младите македонски момчиња не беше проблем и неопходниот триумф со најмалку 19 гола разлика против Турција за да се најдеме на Светското првенство следната година во Алжир.
Избраниците на Илија Темелковски одиграа на победа, па на крајот со триумфот од 39-19 обезбедија пат кон Алжир. Сето тоа, сосема заслужено, на крајот од мечот проследено низ очекувано еуфорична радост…
Па, сета таа радост поделена и со првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов како и од генералниот секретар Филип Милошевски, од кои следеа првите честитки за нашите млади момчиња.
[new_royalslider id=”477″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА