Стадионот „Камп ноу“ не беше исполнет до последното место за вечерашниот дуел со фенерџијата Осасуна, но меѓу сите присутни, а особено кај фудбалерите, владееше огромно задоволство по моментот за историја – првиот гол на Хавиер Маскерано во дресот на каталонскиот гигант.
Аргентинецот седум години максимално успешно настапува за Барса и важи за еден од „тивките херои“ длабоко во сенката на голгетерите Меси, Нејмар и Суарез, па токму затоа соиграчите му дадоа шанса тој да го изведе пеналот при резултат 5-1. Маскерано биеше прецизно, а на „Камп ноу“ завладеа еуфорија, знаејќи дека ова е прв и најверојатно последен гол на Аргентинецот за овој клуб, со оглед на се погласните најави дека тој летово ќе си замине од Барса.
Javier Mascherano Goal HD – Barcelona 6-1… by Livee1Goals
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА