Италијанските фудбалери ќе имаат максимална поддршка на баражот со Македонија закажан за 24 март, откако билетите за овој дуел што ќе се игра во Палермо беа распродадени за помалку од два часа.
Во фудбалска Сицилија денеска владееше еуфорија, откако приврзаниците на „аѕурите“ побрзаа да стигнат до билет за важниот дуел на својата селекција. Стадионот „Ренцо Барбера“ има капацитет од 26.000 седишта, но поради протоколите во Италија овој меч ќе го следат нешто повеќе од 20.000 фанови на трибините.
Оние за македонските навивачи и за спонзорите беа тргнати на страна, но сите останати беа експресно распродадени за првиот меч во Палермо по ноември 2019 година.
Не се исклучува можноста во наредниот период да бидат пуштени во продажба уште 6.000 билети,но се ќе зависи од одлуката на здравствените власти воИталија, за кревање на процентот за присуство на спортски настани од 75% на максималните 100%.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА