Еуфорија во Истанбул – се чека да стигне Радамел Фалкао (видео)

Еуфорично е расположението меѓу навивачите на Галатасарај откако Радамел Фалкао конечно се согласи да му се приклучи на овој тим. Раководството на Галата десетина дена имаше „дил“ со Монако, но се мачеше да го убеди Колумбиецот да се пресели во Истанбул.

Фалкао на крајот се согласи и со приватен авион полета кон турската метропола, а штом се појави информацијата околу 25.000 навивачи на Галата се собраа за да го пречекаат својот нов миленик.

Галатасарај во првите три кола забележа една победа, едно реми и еден пораз, но јасно е дека со доаѓањето на Фалкао шансите за одбрана на титулата значително се зголемуваат.

Се вчитува...