Еуфорично е во таборот на Милан по извонредниот пресврт и победата над Јувентус со која „росонерите“ се искачија на петтото место на табелата. Заборавени се внатрешните конфликти во управата, а директорот Иван Газидис е подготвен да потроши 75 милиони евра за да донесе три квалитетни засилувања на „Сан Сиро“.
Најголемо од нив се очекува да биде Сандро Тонали, младиот плејмејкер кој го носи прекарот „новиот Пирло“. Асот на Бреша се наоѓа многу блиску до потпис со Интер, но италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ им ги замрсите сметките на градските ривали, па влегле во завршна фаза од преговорите за ангажман на Тонали.
За освежување на навалната линија се планира Душан Влаховиќ од таборот на Фиорентина. Според Газидис и новиот тренер Ралф Рангник, младиот српски голгетер би бил идеален партнер во нападот за Анте Ребиќ. Притоа, не се отфрла ниту можноста за ангажман на Лука Јовиќ, но само доколку биде договорена позајмица на една или две години.
Во одбраната, ќе биде откупен договорот на Симон Кјер од Севилја, а како ново засилување се најавува Норвежанецот Кристофер Ајер, кој игра одлично во дресот на Селтик сезонава. Газидис е оптимист дека ќе успее да ги доведе Тонали, Влаховиќ и Ајер за 75 милиони евра, со што „росонерите“ би се засилиле на трите делови од теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

