Еуфорија во Рома: Се враќа легендарниот Франческо Тоти

Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти би можел наскоро да биде назначен за технички директор на клубот, тврдат неколку медиуми во Италија.

49-годишниот Тоти ја мина целата кариера во Рома, а откако заврши со кариерата во 2017 година, беше кратко директор на клубот до 2019 година, кога го напушти тимот, и од тогаш нема никаква функција.

Со „волчицата“ тој го освои Скудетото во сезоната 2000/2001 година, а исто така освои два Купа и еден Супер-Куп на Италија.

Се вчитува...