Еуфорија во Сплит, Перишиќ се врати во Хајдук (ФОТО)

Хрватскиот репрезентативец Иван Пeришиќ и официјално се врати во Хајдук, на радост и задоволство на многумината навивачи на сплитскиот тим.

Перишиќ беше дел од Хајдук до 2006 година, по што почнува интернационална кариера и преку Сошо, Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн Минхен и Тотенхем, се враќа во клубот каде беше во младинските категории.

Неговото враќање на „Пољуд“ беше најавувано со години, но тоа не се случи. Сега е веќе се договорено, и Перишиќ оди во Хајдук како позајмен од Тотенхем до крајот на сезоната, а сплитскиот тим бара начин како да го задржи на уште една сезона. На лето ќе може да го ангажира како слободен агент со оглед дека му истекува договорот, а тоа ќе се случи доколку Хрватот нема некои други понуди.

Перишиќ оваа сезона не играше за Тотенхем поради тешката повреда на лигаментите во септември минатата година. Тој би требало да се врати на теренот на почетокот на март, и се очекува да му помогне на Хајдук во битката за титулата, која ја чека од далечната 2005 година, а потоа да биде дел од Хрватска на престојното ЕП во Германија.

 

Се вчитува...