Еуфорија во Турција по дресот на Дарко Панчев со кој ја освои Лигата на шампионите (ФОТО)

Една од најголемите музички ѕвезди на Турција, Дагра Солмез, или популарната рап-легенда Сабил како што е препознатлив, предизвика вистинска еуфорија откако на својот голем предновогодишен концерт на бината се појави во оригиналниот дрес на Дарко Панчев кој го носеше во Бари во финалето од Купот на европските шампиони во 1991 година кога Црвена Звезда го освои европскиот трофеј.

Голем дел од фановите на Сабил, па и самите негови фанови, беа изненадени кога на концертот се појави во ретро-дресот на Црвена Звезда, и тоа оној со „деветката“ кој го носеше Дарко Панчев. Но, сето тоа предизвика и неочекувана еуфорија во Турција.

Па, сега преку социјалните мрежи се бара на големо да се купи токму тој дрес на Дарко Панчев.

„Сабил е очигледно и самиот обожавател на Дарко Панчев, очигледно…? Не знаеме како се најде тој дрес на Сабил, но не е ни важно, сега и јас сакам да го имам токму тој дрес со бројот 9 од 1991 година“ – се дели од коментарите на турските фанови по социјалните мрежи.

Се вчитува...