Канадската тенисерка Еугени Бушар оваа сезона не привлекува премногу внимание на теренот. Но, затоа надвор од него и тоа како ги привлекува погледите на светската јавност.
Сезоната ја заврши на 88. место иако пред само четири години играше и финале на Вимблдон како и полуфинале на Австралија опен и Ролан Гарос, како петта тенисерка во светот.
Но, иако не е ни блиску до Топ 50 во светот, 24-годишната Бушар е меѓу водечките тенисерки, па и спортистики, според заработувачката од спонзори и маркетиншки права. Вкупно 90% од нејзината заработувачка се должи токму на тоа, а само 10% од наградите по турнирите.
Без сомнение, и тоа како Канаѓанката знае да си ја валоризира својата убавина… Кој може да и одолее на Еугени Бушар кога е „сирена во танга“!?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА