Еуро Никел без милост кон Вардар, го победи со 50 разлика

Кошаркарите на Еуро Никел, остварија убедлива победа над Вардар во 11. коло во македонското кошаркарско првенство, на крајот победувајќи со 116-66.

Кавадарчани уште на стартот наметнаа жестоко темпо, прејдоа во водство, и ги добија убедливо сите четири четвртини, за на крајот да дојдат до овој убедлив триумф.

Доминираше домашниот кошаркар Златев кој оствари трипл-дабл учинок со 24 поени, 11 скока и 11 асистенции. Кај Вардар Бајрам со 21 поен беше најефикасен.

Еуроникел дојде до осмата победа во сезоната, додека за Вардар ова беше осмиот пораз во 11. меч.

Се вчитува...