Еуро Никел без проблеми до убедлива победа над Кожув

Кошаркарите на Еуро Никел немаа потешка задача да дојдат до победата против Кожув во 5. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

На дуелот во Кавадарци, Еуро Никел славеше убедливо со 79-61. Домашните наметнаа победнички ритам од самиот почеток добивајќи го првиот период со 25-18, а до полувремето заминаа со предност од 18 поени разлика (46-28).

Сето тоа значеше пат до победата за Еуро Никел, за да се променат составите на двете страни во вториот дел, па гевгеличани успешно парираа со помладите кошаркари на крај и ублажувајќи го поразот.

Во победничкиот тим предводена Планиниќ со 21 поен и Соколов со 17 поени и 10 скока, а Караколев заврши со 11 постигнати поени. Кај Кожув, Гордон со 15 поени и Хантер со 12 поени беа најдобри.

Еуро Никел се издвои на врвот со три победи и два порази, во очекување на натпреварите на останатите екипи, а Кожув остана на претходните две победи.

Се вчитува...