Последниот натпревар од богатата петочна програма во Купот Благоја Георгиевски – Буштур започнува од 19 часот и 30 минути, а во него силите ќе си ги одмерат Еуро Никел и Академија ФМП. Овие два тима одиграа два меѓусебни натпревара оваа сезона во кои успеаја да го одбранат домашниот терен, па ќе биде интересно да видиме кој ќе слави во „неутралниот“.
Еуро Никел на овој натпревар влегува по вчерашниот пораз од Пелситер, меч во кој искусните кавадарчани имаа водство од 17 поени во третата четвртина, но успеаја да стигнат до нова победа.
„Посакувам успешен Куп и добро здравје на сите. Посакувам со победа да го отвориме првиот натпревар, а потоа ќе мислиме на останатите противници. Подготвени сме за овој Куп, имаме целосен респект кон ФМП, иако го победивме во последниот натпревар во Кавадарци. Купот е специфично натпреварување во кој победува оној кој ќе настапи посконцентрирано и помотивано, кој подобро ќе ги искористи своите шанси. Очекувам фер натпревар и одлична атмосфера“, изјави Самарџиев.
„Во Купот се случуваат големо изненадувања, тука нема изразит фаворит и мислам дека таков е нашиот натпревар со екипата на ФМП. Заслужуваат максимален почит за игрите кои ги прикажаа оваа сезона и за тоа говори нивото место на табелата. Тоа е млада екипа која игра доста млада, полетна кошарка. Нашата цел ќе биде да ги намалиме поените во транзиција. Да ја сведеме играта на „5 на 5“ и таму ја гледаме нашата шанса за победа. Ќе дадеме максимум за да славиме“, додава Соколов.
Купот е натпреварување во кое нема фаворити, а тоа добро го знае Академија ФМП која претходната сезона славеше над фаворизираниот Пелистер во четвртфиналето.
„За нас е голема чест што играме во Купот. Очекувам во петок мојата екипа да се претстави во најдобро издание. Секако ќе биде интересен натпревар, и очекувам нашата екипа да победи. Респект за Фени, но се надевам дека ќе го повториме минатогодишниот успех и ќе влеземе во полуфиналето“, вели Александар Петровиќ.
„Нашиот менталитет кон Купот е да одиме од натпревар во натпревар. Имаме квалитет да се носиме со секоја екипа од оваа лига, но ние не потценуваме. Со Еуро Никел имаме скор 1-1 во досегашниот дел и мислам дека можеме да стигнеме до втора победа. Наше е да покажеме што знаеме“, додава Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА