Еуро Никел го „демолираше“ Гостивар на гости

Кошаркарите на Еуро Никел запишаа повеќе од убедлива победа од 67-106 на гостувањето против Гостивар, во дуелот од третото коло во Првата македонска кошаркарска лига.

По триумфот во првото коло над Пелистер, гостиварчани очекуваа нова победа на својот тим, но овој пат беа убедливо запрени од Еуро Никел кој до триумфот дојде пред се благодарение на одличната втора четвртина која ја доби со 15-29.

И во второто полувреме кавадарчани продолжија во ист ритам и немилосрдно го полнеа домашниот кош за лесна победа.

Мекивен со 17 поени и Костов со 16 поени беа најпрецизни во победничкиот табор, додека кај Гостивар Златевски запиша 13 поени.

Се вчитува...