Еуро Никел ја прекина низата од три порази во кошаркарскиот шампионат

Кошаркарите на Еуро Никел ја прекинаа серијата од три порази во домашниот шампионат откако вечерва во 19. коло славеа во салата „Јасмин“ во Кавадарци против Феникс со убедливи 84-68.

Гостите подобро го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа предност од 21-23. Домашниот тим заигра подобро во втората четвртина, па на полувреме стигна до пресврт 49-44. До крајот кавадарчани рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 84-68.

Маск Смит Мекјуен со 22 поени беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Елберт Метјус заврши со 19 поени.

Се вчитува...