Еуро Никел преку Кожув до втора победа во домашниот шампионат

Кошаркарите на Еуро Никел стигнаа до втората победа од исто толку натпревари во новата сезона откако вечерва славеа на домашен терен над Кожув со 80-73.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 26-17. Гостите одлично возвратија во втората четвртина па на пауза заминаа со само еден гол негатива (38-37). Сепак, во вториот дел кавадарчани ја оправдаа фаворитската улога и на крајот стигнаа до конечен триумф од 80-73.

Мек Смит Мекјуен со 19 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Колин Слејтер постигна 24 поени.

Се вчитува...