Еуро Никел се откажа од учество во кошаркарската лига на Македонија

Трикратниот шампион на Македонија, Еуро Никел го откажа своето учество во кошаркарската лига на Македонија, потврдија од клубот со соопштение до КФСМ.

Кавадарчани се одлучија за напуштање на лигата само неколку дена откако од ФИБА добија забрана за ангажирање на нови кошаркари.

„МКК Еуро Никел 2005 АД Кавадарци го откажува учеството во сите натпреварувања и категории во организација на КФСМ и сите членови на клубот, стручниот штаб и играчите во сите категории се ослободени од договорните услови со клубот да се приклучат во останатите клубови“, стои во соопштението на Еуро Никел. 

Се вчитува...