Еурофарм и Колштад во меч само за престиж, колку за збогување од Европа

E. Пелистер вечерва од 18:45 часот на гостувањето против норвешки Колштад ќе се збогува од Лигата на шампионите.

Повеќе од 20 години чекаа битолчани да се вратат на елитната европска сцена, но неславно заврши нивното натпреварување со најдобрите во Европа, со 13 порази низ досегашните исто толку натпревари во ЛШ. Па, вечерва против Колштад на гости останува последната надеж да се почувствува барем еден европски бод.

Натпреварот со Колштад е чисто за престиж меѓу двата тима, ако се знае дека и противникот ги загуби сите шанси за место во елиминациската фаза од ЛШ.

Тренерот Бранислав Ангеловски, пак, вели дека резултатите не се преголемо разочарување ако се има во предвид буџетот на македонскиот првак, кој е најмал во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...