Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 стигнаа до нова победа во ракометната Суперлига, откако вечерва на домашен терен славеа над Прилеп со 34-26. Гостите од Прилеп само во првите десетина минути беа колку толку достоен противник одржувајќи ја негативата на гол или два разлика.
Сепак, во вториот дел од првите 30 минути домаќините дигнаа во повисока брзина и веќе на пауза имаа предност од плус пет (18-13). Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 34-26.
Емилија Ѓорѓовски со седум гола повторно беше најдобар поединец во таборот на битолчани, додека кај поразените Реваз Чантурија заврши со пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА