Еурофарм Пелистер е последниот патник во плејофот од ракометниот шампионат на Македонија откако битолскиот суперлигаш славеше на вечерашниот клучен меч, на гостински терен во Прилеп со убедливи 16-23. Со овој исход, избраниците на тренерот Јовиќ ја одбранија третата позиција во групата од Прилеп и од Тиквеш, заслужено продолжувајќи ги настапите во елитното друштво.
Првото полувреме мина во одлична игра во одбрана на двата тима, на одмор се замина со 7-9, за потоа битолските „фармацевти“ фуриозно да го почнат вториот дел. Пелистер 2 постигна осум погодоци во првите десетина минути од второто полувреме, прими само еден, решавајќи го прашањето на победникот. Стоилевски со шест и Талевски со пет гола беа најдобри стрелци на Еурофарм Пелистер 2.
Тиквеш славеше на гостувањето во Скопје против Работнички со резултат 29-31, доволно само за освојување на четвртото место во групата. Најефикасни во таборот на кавадарчани беа Јанчев и Гошевски со по седум погодоци, додека Тоше Ончев со десет гола беше прв стрелец на Работнички.
Покрај битолчани, дел од плејофот од оваа група ќе бидат и Металург и Бутел, додека од групата А пласман во разигрувањето за највисок пласман обезбедија Охрид, Пролет и Струга. Овие шест тима ќе им се приклучат на Вардар и на Еурофарм Пелистер во битката за шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА