Еурофарм Пелистер 2 стигна до нова победа во домашната ракометна Суперлига, откако денеска во премиерниот натпревар од 21. коло славеше на домашен терен над Радовиш со 35-23.
Домаќините со серија од 4-0 го стартуваа мечот и уште од почетокот покажаа во кој правец ќе се движи тој. Гостите заиграа далеку над очекувањата до крајот на првите 30 минути и на пауза заминаа со негатива од само два гола 16-14.
Во вториот дел вториот тим на „зелено-белите“ од Битола, го исконтролира резултатот, а како одминуваше натпреварот разликата само се зголемуваше за конечни 35-23. Кај победничкиот тим најефикасни беа Атанасијевиќ и Ѓорѓовски со по шест гола, додека кај поразените се истакна Здравко Постолов кој натпреварот го заврши со 10 погодоци.
Еурофарм Пелистер 2 со овој триумф изби на третата позиција на првенствената табела на сметка на Бутел од кого во моментов имаат два бода повеќе, но и натпревар повеќе. Радовиш од друга страна останува претпоследен со шест освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА