Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 службено го добија натпреварот против РК Аеродром со 0-10 во 1. коло од плеј-аут фазата во Суперлигата.
Двата тима излегоа на теренот да се загреваат, но во тие моменти беше соопштено дека мечот нема да се одигра, а битолчани го добиваат службено.
Инаку, Аеродром се наоѓа во големи финансиски проблеми поради кои останаа без голем дел од ракометарите, па мала е шансата овој тим да одигра некој од останатите мечеви сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА