Еурофарм Пелистер 2 за малку од „готово-вересија“ против Тиквеш

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 славеа против Тиквеш на домашен терен со 28-23 во премиерното коло од новата сезона во Суперлигата. Поради европските обврски на „битолчани“ натпреварот кој требаше да се одигра викендов, на програмата беше денеска.

Домаќините на феноменален начин го отворија мечот. Играа неверојатно и во нападот и во одбраната, а одличната игра ја материјализираа со предност од шест гола на паузата (17-11).

Во второто полувреме гостите заиграа далеку подобро. Успеаја, да го направат мечот интересен откако на пет минути до крајот стигнаа на само минус еден (23-22). Сепак, „пелистерци“ успеаја да се соземат од шокот и на крајот да стигнат до победа од 28-23.

Мартин Ивановски со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените со седум погодоци заврши Страхиња Симиќ.

 

Се вчитува...