Ракометарите на Еурофарм Пелистер сосема очекувано се пласираа во четвртфиналето на Купот на Македонија откако во првата осминафинална пресметка од Групата 4 која се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола убедливо славеа против Куманово со 33-21 (17-12).
Во натпреварот за пласман на Ф4 турнирот, Еурофарм Пелистер утре ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Струга и Тиквеш која се игра од 14 часот.
И Еурофарм Пелистер 2 се пласираше во четвртфиналето во Групата 2 која се игра во салата „Македонско сонце“ во Скопје. На полувремето во осминафиналето против Радовиш, Еурофарм Пелистер 2 имаше предност од убедливи 16-7, за да на крај слави со 32-17.
За пласман на Ф4 турнирот, Еурофарм Пелистер 2 во утрешното финале од осминафиналната Група 2 ќе се соочи со Пролет кој вчера славеше против Голден Арт КЛ7.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ (осминафинале)
Група 1 (СЦ „Јане Сандански“ – Скопје)
РК Вардар 1961 – ГРК Охрид (17 ч.)
РК Јуниор К.В – РК Скопје 2020 (19 ч.)
Група 2 (сала „Македонско Сонце“ – Скопје)
РК Радовиш – РК Еурофарм Пелистер 2 17-32 (7-16)
ВЧЕРА: РК Пролет 62 – РК Голден Арт КЛ7 26-25 (12-15)
Група 3 (СС Автокоманда – Скопје)
РК Прилеп – РК Вардар Неготино (15 ч.)
РК Бутел Скопје – РК Алкалоид (18 ч.)
Група 4 (СС „Боро Чурлевски“ – Битола)
РК Струга – ГРК Тиквеш 2014 (14 ч.)
МРК Куманово – РК Еурофарм Пелистер 21-33 (12-17)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА