Ракометарите на Еурофарм Пелистер стигнаа до убедлив триумф на домашен терен над Скопје од 32-17 во натпревар од премиерното коло во новата сезона во ракометната Суперлига на Македонија.
По авантурата во СЕХА лигата минатиот викенд, битолчани без проблеми го стартуваа атакот на титулата во новата сезона на домашна сцена. „Пелистерци“ одиграа неверојатно во одбраната во првото полувреме дозволувајќи му на противникот само шест гола (17-6).
Во вториот дел домаќините продолжија во ист ритам кој резултираше со конечен триумф од 32-17.
Ненад Костески со шест погодоци беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените пет постигна Киселовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА