Победничката серија на Еурофарм Пелистер продолжи и во третиот последователен натпревар откако „зелено-белите“ ја потврдија фаворитската улога и славеа против Тиквеш со 30-21 во 6. коло, нанесувајќи го вториот пораз за кавадаречкиот клуб во досегашниот дел од првенството.
Неизвеноста постоеше само на отварањето на средбата кога при резултат 4-4, битолчани ги земаа работите во свои раце. Еурофарм Пелистер од минута во минута ја зголемуваше предноста, со серијата од 6-0 стигна до веќе недостижна предност од 12-6, а продолжи во исто темпо и до крајот. На полувремето (16-9) веќе беа решени дилемите за победник, а второто полувреме не донесе разлика на паркетот.
Одличното темпо на битолчани продолжи за во еден момент разликата да стане и двоцифрена (22-12) по што следеше мирен финиш на мечот за нови два бода на Еурофарм Пелистер.
Стоилевски и Костески беа лидери на Еурофарм Пелситер со по пет постигнати голови, додека Димовски го предводеше Тиквеш со шест. Него го следеа Хамзиќ и Дрогришки со по четири голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА