Ракометарите на Еурофарм Пелистер, оправдувајќи ја фаворитската улога, без апсолутно никакви проблеми дојдоа до гостинска победа со Голден Арт во 9. коло од Суперлигата на Македонија.
Во Групата Б од Суперлигата, Еурофарм Пелистер ја запиша и својата осма победа сезонава, славејќи со 18-31 (7-12) на гостувањето против Голден Арт.
По почетната неизвесност на мечот, битолчани во вториот дел од првото полувреме создадоа предност за 7-12 на полувремето. Во вториот дел и низ уште подоминантна игра, Еурофарм Пелистер, и покрај тоа што играше без Кизиќ, Велковски и Хосни, на крај дојде до убедлив триумф од 13 гола разлика (18-31).
Голден Арт, пак, го запиша шестиот пораз сезонава, останувајќи на три победи досега низ шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА