Еурофарм Пелистер ги доби противниците за новата сезона во второто по ранг европско ракометно натпреварување Лигата на Европа.
Денешната ждрепка во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена одлучи битолчани да се најдат во групата Ц каде за противници ќе ги имаат германскиот Фуксе Берлин кој е еден од првите фаворити за освојување на титулата, шпанската Бидасоа Ирун, како и украинскиот Мотор Запорожје кој поради инвазијата на Русија годинава игра во втората германска лига.
Пелистерци за противник ќе го имаат и данскиот Архус, како и португалскиот Агуас Сантас.
Новата сезона во Лигата на Европа стартува на 25. октомври.
A ГРУПА:
1. БЕНФИКА (ПОР)
2. КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН (ШВА)
3. ТАТРАН ПРЕШОВ (СВК)
4. ГЕПИНГЕН (ГЕР)
5. МОНПЕЛЈЕ (ФРА)
6. ФЕЈЕР ВЕСПРЕМ (УНГ)
Б ГРУПА:
1. ПАУК ХЕНДБОЛ (ФРА)
2. ИСТАД (ШВЕ)
3. ВАЛУР (ИСЛ)
4. ФЛЕНСБУРГ (ГЕР)
5. БЕНИДРОМ (ШПА)
6. ФТЦ (УНГ)
Ц ГРУПА:
1. СКЈЕРН (ДАН)
2. ГРАНОЉЕРС (ШПА)
3. БАЛАТОН (УНГ)
4. СПОРТИНГ ЛИСАБОН (ПОР)
5. НЕКСЕ НАШИЦЕ (ХРВ)
6. АЛПЛА ХАРД (АВС)
Д ГРУПА:
1. ФУКСЕ БЕРЛИН (ГЕР)
2. ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МКД)
3. МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ (УКР)
4. БИДАСОА ИРУН (ШПА)
5. АРХУС (ДАН)
6. АГУАС (ПОР)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА