Единствениот македонски претставник во Лигата на Европа, вицешампионот Еурофарм Пелистер, ги објави термините за првите шест натпревари што битолчани ќе ги играат во ова европско натпреварување.
По консултациите со носителите на ТВ правата за ЕХФ Лига Европа, европската ракометна централа ги одреди саатниците за првите шест натпреварите од групната фаза на натпреварувањето. Еурофарм Пелистер трипати ќе игра на домашен и трипати ќе гостува до крајот на годината и по трипати ќе игра во терминот од 18:45 часот и 20:45 часот.
Притоа, во првото коло на 19 октомври 2021 година битолчани во 20.45 часот ќе го пречекаат француски Ним, а во втората рунда за седум дена подоцна, но во 18.45 часот ќе следи и првото гостување, во Швајцарија против Кадетен Шафхаузен.
Распоред на натпревари:
19.10.2021 – 20:45 часот, Еурофарм Пелистер – Ним
26.10.2021 – 18:45 часот, Кадетен Шафхаузен – Еурофарм Пелистер
16.11.2021 – 18:45 часот, АЕК Атина – Еурофарм Пелистер
23.11.2021 – 18:45 часот, Еурофарм Пелистер – Татабања
30.11.2021, 20:45 часот, Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер
07.12.2021 – 20:45 часот, Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА