Еурофарм Пелистер го освои трофејот во јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир

Трофејот од јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир заврши во рацете на Еурофарм Пелистер откако битолчани славеа во изведувањето на пенали против Целје.

Непогодните временски услови го преминаа мечот при резултат 4-3, па одлуката падна победникот и освојувачот на трофејот да биде одлучен во пенал-рулет во кој славеше македонскиот тим со 7-6.

За најкорисен играч на турнирот беше прогласен пикерот на Еурофарм Пелистер Жарко Пешевски.

Претходно во „малото финале“ Татран Прешов славеше со 26-24 против Вардар. Натпреварот беше изедначен на полувремето (17-17), но македонскиот состав не успеа да го задржи ритамот и во продолжението. Словаците успеаја да стигнат до позитива од три гола (23-20) во 45. минута, а потоа и да одолеат на налетот на „црвено-црните“ и заслужено да го освојат третото место.

Петтото место на турнирот му припадна на грчкиот состав АЕК Атина кој славеше против новиот македонски суперлигаш и дебитант на турнирот Алкалоид со 29-26, а во натпреварот за седмото место Струга славеше со 26-24 над Бутел Скопје.

Се вчитува...