Еурофарм Пелистер пред новата сезона го обезбеди потписот на Мохамед Суси, лев бек на туниската репрезентација и поранешен европски првак со Монпелје. Трансферот ќе биде официјализиран утре откако ќе бидат завршени и медицинските тестови.
Суси доаѓа во македонската Суперлига од Трембле, клуб во кој пред неколку недели од Битола замина Јосип Божиќ Павлетиќ.
„РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека постигна целосен договор со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси. До официјализација на трансферот недостигаат само медицинските прегледи кои ракометарот ќе ги реализира утре по пристигнувањето во Македонија. Клубот во текот на утрешниот ден ќе ги обелодени деталите од соработката со новиот свој член“, стои во соопштението на битолскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА