Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени броевите за борбите во плеј-офот и плеј-аутот во Суперлигата.
Уште на самиот старт од плеј-офот не очекува мега пресметка во која актуелниот бранител на трофејот Еурофарм Пелистер во Битола ќе го пречека најголемиот ривал Вардар. Вицешампионт Алкалоид за протвник ќе го има Пролет, додека последните две двојки ги сочинуваат Бутел – Охрид и Тиквеш – Струга.
Како што е познато од првиот дел од сезоната со максимални три бода ќе тргнат Вардар и Алкалоид. Со по два ќе го продолжат натпреварувањето Еурофарм Пелистер и Охрид, по еден ќе имаат Тиквеш и Бутел, додека без бодови во суперлигата влегуваат Струга и Пролет.
Супер лига, плеј-оф, 1 коло:
Еурофарм Пелистер – Вардар
Бутел Скопје – Охрид
Тиквеш – Струга
Пролет – Алкалоид
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА