Еурофарм Пелистер им одржа час по ракомет на стружани

Еурофарм Пелистер ја забележа и третата победа на стартот од новата суперлигашка сезона, рутински триумфирајќи на домашен терен против Струга со резултат 45-20.

Битолчани влегоа во мечот како апсолутни фаворити, улога што избраниците на Бабиќ ја оправдаа со најубедлива победа во досегашниот дел од сезоната. Стружани парираа само петнаесетина минути, а нивниот отпор беше целосно скршен откако по минимални 7-6 следеа дури седум гола во низа на битолчани. Резултатот на полувреме гласеше убедливи 22-11, a Еурофарм Пелистер продолжи да доминира и во второто полувреме во кое предноста уште повеќе се зголемуваше. И нападот и одбраната на актуелниот вицешампион функционираше беспрекорно, па Еурофарм Пелистер на крајот заслужено славеше со убедливи 25 гола разлика.

Хрватското крило Божиќ Павлетиќ беше прв стрелец на натпреварот со осум постигнати погодоци, по шест гола реализираа Мандалиниќ и Табоада, а по пет Костески и Кушан.

Ивица Дукоски со пет поодоци беше најефикасен во редовите на Струга.

Се вчитува...