Коронакризата не влијае премногу на Еурофарм Пелистер. Амбициозниот ракометен клуб од Битола напорно работи на склопување на мозаикот за следната сезона. Раководството на клубот покрај ангажманот на нови засилувања напоредно разговара и со постоечкиот играчки кадар.
Битолчани објавија дека ја продолжиле соработката со четворица ракометари и за следната сезона.
„Со огромно задоволство ја информираме спортската јавност и верните навивачи дека на наше големо задоволство ја продолживме соработката со нашите досегашни играчи Милорад Кукоски, Милан Џукиќ, Елмир Граџан и Марин Вегар. Очекуваме дека нивното ракометно знаење, професионалност и искуство ќе бидат од огромно значење за нашата екипа во борба за шампионската екипа во наредната сезона“, истакнуваат од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА