Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа првата победа во 3. коло од Групата А во СЕХА регионалната лига, триумфирајќи на домашен терен против Војводина со 30-25.
Битолчани беа подобар противник на теренот во текот на целиот натпревар уште во првото полувреме стекнувајќи се со предност од 14-12 против српскиот тим.
Во второто полувреме само рутински се одржуваше и зголемуваше предноста за конечна победа од 30-25.
Најефикасен во победничкиот тим на Еурофарм Пелистер беше Данецот Каспер Кисум со 9 гола, а Вилсон Давајеш запиша седум погодоци. Македонските репрезентативци Цветан Кузманоски и Жарко Пешевски постигнаа по три гола. Кај гостите се издвои Никола Ковачевиќ со осум гола.
Војводина, за која ова беше прв пораз, е на врвот од табелата во Групата А со 6 бода, а Еурофарм Пелистер и Нексе имаат по три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА