Ракометарите на Еурофарм Пелистер со убедлива победа од 30-14 против Охрид ја завршија сезоната во домашната ракометна лига во која се закитија со вицешампинската круна.
Битолчани само поради послабата гол-разлика во директната пресметка со старо-новиот шампион Вардар не успеаја да дојдат до титулата.
Ракометарите на Тинекс Пролет согласно очекувањата убедливо славеа на гостувањето против Струга со 23-30 (11-16), запечатувајќи го третото место во Суперлигата сезонава и посакуваниот европски излез, пред Металург кој во последното коло загуби од Вардар.
Без никакви проблеми избраниците на Зоран Кастратовиќ од самиот почеток на дуелот во Струга наметнаа сопствен ритам кој домашните не умееја да го следат. По брзата предност од 1-3 во првите минути, постојаната предност се одржувајќи со континуирано зголемување на разликата за на крајот пет гола предност (11-16) на полувремето.
Во второто полувреме сосема идентична слика на паркетот. Далеку поквалитетниот тим на Тинекс Пролет постојано ја зголемуваше предноста која во 48. минута изнесуваше и 16-25. До крајот главно во игра гол за гол, се заокружи за конечни 23-30.
Бутел во последното коло со 29-28 славеше против вториот тим на Еурофарм Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА