Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер на деветти јануари ќе ги стартува подготовките за пролетните предизвици, период во кој битолскиот тим ќе атакува на двата домашни трофеи и ќе проба да стигне што подалекува во Лигата на Европа.
Во Битола ќе се одработи првата фаза од подготовките. Потоа тимот заминува за Србија, каде се договорени и неколку пријателски средби.
„РК Еурофарм Пелистер ги известува своите симпатизери, навивачи и средствата за јавно информирање за своите активности во месец јануари. РК Еурофарм Пелистер ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната 2021/22 на деветти јануари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. На прозивката на тренерот Ларс Валтер ќе бидат отсутни само ракометарите кои ќе земат учество на Светското првенство во Полска и Шведска. Првата фаза ќе биде реализирана во Битола, а од 26 јануари екипата ќе замине на подготовки во Србија, каде ќе одигра неколку контролни натпревари.Првиот тренинг ќе биде комплетно отворен за медиумите“, стои во соопштението.
На истиот датум свој собир ќе има и вториот битолски суперлигаш, воден од Александар Јовиќ.
„РК Еурофарм Пелистер 2 ќе ги започне подготовките за вториот дел на сезоната 2021/22 на деветти јануари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. На прозивката на тренерот Александар Јовиќ ќе бидат отсутни само ракометарите кои ќе земат учество на Светското првенство во Полска и Шведска. Комплетните подготовки екипата ќе ги мине во Битола, а предвидени се неколку контролни натпревари кои дополнително ќе бидат дефинирани и објавени. Првиот тренинг ќе биде комплетно отворен за медиумите“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА