Еурофарм Пелистер рутински преку Бутел до финале со Вардар во Купот на Македонија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер стигнаа до рутински триумф од 25-21 против Бутел во вториот полуфинален натпревар од Ф4 турнирот во Купот на Македонија кој се игра во Кавадарци.

Битолчани уште од самиот почеток максимално сериозно му пристапија на натпреварот, па по првите 30 минути обезбедија предност од седум гола разлика (16-9) која веќе ја навести победата.

Во второто полувреме бутелци се обидоа да дојдат до изненадување, но успеаја единствено да се изборат за чесен пораз. Божиќ Павлетиќ заврши со шест погодоци, а Мандалиниќ постигна пет гола во победничкиот тим. Кај Бутел се издвои Митев со шест гола.

Еурофарм Пелистер, на тој начин, сега го чека финалето против Вардар 1961. Против лутиот ривал „пелистерци“ ќе се обидат да дојдат до трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Се вчитува...