Еурофарм Пелистер се надева на чудо, без неколку клучни играчи патува за Швајцарија

Еурофарм Пелистер утре го игра клучниот натпревар со Кадетен Шафхаузен од групата Д на Европската лига, а според најавите, тимот од Битола на ова гостување ќе настапи видно ослабен. Поради повреди надвор од конкуренција останаа Кузманоски, Маџовски, Кушан, Кукуловски и Вегар, а најголем хендикеп за Жељко Бабиќ ќе биде неиграњето на големото зимско засилување Карим Хендави. Имено, голманот од Египет не ја доби потребната виза за патување во Швајцарија, па заради оваа причина нема да настапи на овој меч.

Македонскиот вицешампион од денес ќе биде во Швајцарија, а утре наутро играчите ќе го имаат единствениот тренинг пред мечот со Кадетен Шафхаузен.

Победа за Пелистер ќе значи можно исачување на втората позиција, но предвид треба да се имаат и резултатите од останатите натпревари во групата, доколку забележи пораз или ремизира ќе остане на четвртото место.

Се вчитува...