Актуелниот ракометен вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер го претстави српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ за нов ракометар. 26-годишниот лев бек доаѓа од редовите на белорускиот Мешков Брест, а во кариеарата настапуваше и за Партизан, Балатонфуреди и Егер во Унгарија, Ал-Араби и Ал-Веда во Катар.
Договорот со битолскиот клуб е во важност до јуни 2024 година. Тој ќе почне со самостојни тренинзи бидејќи екипата е во Берлин каде утре во Лигата на Европа ќе му гостува на Фуксе.
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека од денес нов член на нашиот клуб е српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ. Се работи за 26-годишен лев бек, кој доаѓа во Битола од белорускиот шампион Мешков Брест. Стевановиќ е роден во Лазаревац, блесна во Партизан, настапуваше во Балатонфуреди и Егер во Унгарија, Ал-Араби и Ал-Веда во Катар и неполна сезона во Белорусија. 196-сантиметри високиот Стевановиќ запиша и пет настапи за српската репрезентација. Доаѓа во Битола на обострано задоволство, по кое е потпишан договор заклучно со јуни 2024 година. Ракометарот веднаш ќе ги започне индивидуалните тренинзи, со оглед на тоа што екипата е веќе во Берлин на натпреварот против Фуксе Берлин во ЕХФ Лига Европа, а од четврток ќе се приклучи кон групата“, стои во соопштението на битолскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА