Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер продолжува со добрите партии во контролните натпревари пред продолжувањето на сезоната. Битолчани овој пат беа подобри од хрватскио Сесвете со 25-30.
Избраниците на Жељко Бабиќ уште во првото полувреме го наметнаа своето темпо и на пауза заминаа со предност од 11-14. До крајот го исконтролираа мечот за конечни 25-30. Периќ со шест гола беше прво име во таборот на Еурофарм Пелистер, додека кај поразените Топиќ, Духенчиќ и Гавриќ завршија со по четири гола.
Спортска сала во Сесвете
Сесвете:
Пуриќ, Кахлина, Крндец 3, Топиќ 4, Чуло, Баковиќ, Станиќ, Духенчиќ 4, Готал, Вусиќ 2, Крешиќ 3, Гавриќ 4, Харч, Зовак 2, Штрковиќ, Хршак 3
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер:
Секељи, Кизиќ, Ивановски, Ојлески 1, Кукуловски 1, Атанасијевиќ 4, Кузманоски 3, Танкоски 2, Периќ 6, Костески 4, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 1, Граџан 3, Обрадовиќ 1, Табоада 4, Арсеновски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 8 минути
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА