Еурофарм Пелистер со минус три на гостувањето кај ПСЖ

Ракометниот шампион на Македонија игра одлично во првото полувреме на гостувањето кај големиот фаворит Пари Сен Жермен. Избраниците на Александар Јовиќ играат егал против францускиот шампион и на пауза имаат негатива од (15-12).

Големиот фаворит тргна фуриозно. Реализираше во првите три напади и веднаш стигна до предност од 3-1. Битолчани возвратија со два гола во низа па успеаја во 5. минута да се вратат во егал 3-3.

Во следниот период се играше гол за гол, па по десет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 5-5. По неколку минути без погодок, пелистерци со погодокот на Жарко Пешевски во 13. минута за првпат стигнаа до водство на овој натпревар (5-6).

Во следниот период и двата тима играа многу слабо во фазата на напад, па по 21. минута резултатот се уште беше израмнет 9-9 откако за гостите погоди Борзаш по што следеше првиот тајм-аут за Раул Гонзалез. По тајмаутот како да се освестија домашните ракометари па со серија од 4-1 во 25. минута стигнаа до највисоките плус три (13-10).

До крајот на првиот дел домаќините успеаја да ја задржат предноста од три гола и на пауза да заминат со водство од 15-12. Тонесен со четири гола е прво име во таборот на ПСЖ, додека кај пелистерци пет постигна Урош Борзаш.

Се вчитува...