Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер игра уште еден катастрофален натпревар во Лигата на шампионите, откако на полувреме има негатива од 8-14 против полскиот шампион Кјелце.
Натпреварот почна со два брзи гола на гостинскиот тим, а првиот погодок за пелистерци го постигна Борзаш во 3. минута кога намали на 1-2. Откако неколку минути се играше гол за гол, Полјаците во осмата минута за прпват стигнаа и до плус три (2-5).
Пелистерци повторно многу промашуваа, а по двет исклучувања во низа кои ги добија, во 11. минута Кјелце поведе и со пет гола (2-7), по што следеше првиот тајм-аут на Бранко Ангеловски. Битолчани единаесет минути беа без поситгнат погодок, а поранешниот вардарец Карачиќ во 17. минута донесе и плус седум за својот тим (2-9), а по провокациите кон битолската публика доби и две минути исклучување. Црниот период од 12 минути без постигнат погодок, го прекина Жарко Пешевски со својот втор гол во 19. минута кој намали 3-9.
Голот на Пешевски беше единствената светла точка на домаќините во продолжението, каде Кјелце стигна и до плус осум (3-11) во 22. минута, по што Ангеловски мораше да го побара и својот втор тајмаут. По минутата пауза пелистерци се решија за игра седум на шест која вроди со плод. Пелистер преку Радивојевиќ првпат врза два гола во низа, па успеа во 25. минута да дојде на минус шест (5-11). До крајот на првиот дел гостите ја задржаа предноста од шест погодоци и на пауза заминаа со предност од 8-14.
Единствена светла точка во таборот на домаќините беше Жарко Пешевски кој постигна три погодоци. Кај Кјелце по три постигнаа Морито и Трастарсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА