Еурофарм Пелистер триумфално на гостувањето во Прилеп

Еурофарм Пелистер ја потврди фаворитската улога на гостувањето кај Прилеп во 14. коло од Суперлигата и славеше со 33-38 во натпревар во кој домашниот тим се покажа како незгоден противник.

Прилеп го отвори натпреварот со предност од 2-0, но очекувано битолчани го наметнаа своето темпо и не дозволија домаќинот да направи позначајна предност. Како што одминуваат минутите Еурофарм Пелистер ја превзема иницијативата, а потоа и поведе со пет разлика, предност која остана на семафорот и на полувремето (15-20) и покрај тоа што „зелено-белите“ во еден момент имаат и позитива од седум гола.

Второто полувреме донесе нова добра игра на Прилеп кој повторно отвори со игра во серија за натпревар на еден посед. Домаќинтие во еден момент успеаја и да изедначат на 28-28, но во вториот дел од второто полувреме Еурофарм Пелистер одигра одлично во одбраната, влезе во нова серија во нападот и не дозволи неизвесна завршница.

Со осум голови прво име кај Прилеп беше Шабановиќ, а него го следеа Цветаноски и Трајкоски со по шест голови. Петровиќ со 10 голови го предводеше Еурофарм Пелистер, а седум додаде Атанасијевиќ.

Се вчитува...