Ракометарите на Еурофарм Пелистер, оправдувајќи ја фаворитската улога, со победа од 26-29 си заминаа од Скопје по дуелот со Бутел Скопје.
Домашните ракометари успеаја да дадат соодветен отпор на битолчани, но квалитетот на Еурофарм Пелистер дојде до израз во втората половина од првиот дел, па гостите заминаа на полувремето со предност од 8-11.
Во второто полувреме низ рутинска игра, се одржуваше предноста на Еурофарм Пелистер за на крајот повеќе од заслужена победа од три гола разлика.
Еурофарм Пелистер ја запиша и осмата победа во плејофот од Суперлигата, на само една победа зад водечкиот Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА