Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер во два дена стигна и до вториот триумф во домашната Суперлига. По вчерашниот убедлив триумф над Мулти Есенс, битолчани денеска беа сигурни и против Голден Арт (21-38).
Избраниците на Александар Јовиќ уште од самиот старт почнаа силно па веќе по 30 минути игра ги разрешија сите дилеми околу победникот (10-17). До крајот актуелниот шампион само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечни 21-38.
Емилијан Ѓорѓовски со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Мице Шилегов постигна шест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА