Mакедонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер вечерва од 20:15 часот го чека првиот четвртфинален натпревар од СЕХА Гаспром лигата против Мешков Брест во битката за место на Ф4 турнирот во Задар.
Белорусите ја носат фаворитската улога, двапати се сретнаа со Еурофарм Работник пред две сезони и извојуваа две победи во многу тесна завршница, но јасно е дека ќе следат сосема поразлични дуели во желбата за место меѓу најдобрите во СЕХА лигата.
Босанецот Елмир Граџан е свесен дека битолчани ги чека тежок дуели, но сите се подготвени за максимумот во обидот да се изненади фаворитот.
„Мешков Брест многу добро го познаваме, одигравме неколку натпревари и во Битола и во Брест и мислам дека се квалитетни, за што говори и нивниот успех. Ги краси многу брза игра, брза транзиција. Колку што можевме се спремивме, гледавме многу видеа за противникот. Брзо дојде до официјални натпревари сезонава, го освоивме и Суперкупот и донесовме трофеј во Битола по 16 години. Одигравме турнир во Струга и мислам дека бевме многу добар противник за Вардар, требаше и да победиме и да го освоиме втора година по ред тој турнир. Многу добар период е зад нас и само треба да продолжиме во тој ритам“ – вели Граџан.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во 20:15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА