Еурофарм Пелистер во третиот шешир од ждрепката за Лигата на Шампионите

Еурофарм Пелистер ќе биде сместен во третиот шешир на ждрепката за извлекување на групите за Лигата на Шампионите, пто ќе се одржи на 27 јуни во Виена.

„Пелистерци“ по долга пауза повторно ќе бидат дел од елитното европско натпреварување, по што очекувано се најдоа во третиот и последен шешир според рангирањето на ЕХФ, заедно со екипите на Порто, Колстад, Целје и Загреб. Интересно е што новиот европски првак Магдегург не се најде во првиот шешир според ЕХФ, каде има место за Барселона, Киелце, Веспрем, ПСЖ, Кил и ГОГ Гудме.

Според пропозициите, екипите ќе бидат извлекувани во две групи, при што прво ќе се почне со првиот шешир, а поради правилото две екипи од иста земја да не играат во иста група, веднаш ќе бидат поделени тимовите од Германија, Франција, Унгарија и од Полска.

Предвидено е новата сезона од ракометната Лига на Шампиони да стартува на 13/14 септември.

ШЕШИР 1: Барселона, Кил, Киелце, ПСЖ, ГОГ Гудме, Веспрем

ШЕШИР 2: Магдебург, Висла Плоцк, Монпелје, Алборг, Пик Сегед.

ШЕШИР 3: Порто, Колстад, Целје, Е. Пелистер, Загреб.

Се вчитува...