Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од Металопластика со 26-27 во последниот меч од групната фаза на Интернационалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ во Охрид.
Во првото полувреме Металопластика беше подобар противник добивајќи го првиот дел со 12-16.
Но, во продолжението битолчани играа далеку поагресивно во одбраната, го запреа нападот на противниците и стигнаа до 21-21 на десет минути до крајот на мечот. Сепак, тимот од Шабац низ последните минути успеа да собере сили за триумф од 26-27.
Еурофарм Пелистер, без разлика на овој пораз, го освои првото место во групата и ќе игра во финалето против Олимпијакос на турнирот во Охрид. На второто место во групата заврши Татран Прешов и ќе игра за бронзата на турнирот, трета е Металопластика а на последното место Бутел Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА